Нови 883 случаи на корона, починати 29 лица, а оздравени 536

Луѓе со маски. Илустрација.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани нови 883 случаи на Ковид -19 од 2827 тестирања направени во изминатите 24 часа. Починати се 29 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 536 пациенти.

Од новозаболените, најголем број се од Скопје, 345, по што следуваат Прилеп со 54, Струмица со 44, Велес со 39, Куманово со 37, Битола со 36, Охрид со 34, Тетово, Штип и Гевгелија со 32, Кавадарци со 29, Кочани со 25, Гостивар со 19, Неготино со 17, Кичево со 16 и Радовиш и Свети Николе со 12. Во останатите градови бројот на новозаболени е едноцифрен.

Од починатите, 12 се од Скопје, тројца од Прилеп, по двајца од Куманово, Тетово и Велес, како и Битола, Гостивар и Кичево и по еден пациент од Валандово и од Струга.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254. Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје. Досега во земјата се направени вкупно 376.565 тестирања на ковид -19.