ЕК со дополнителни средства за вакцини за Западен Балкан

Вакцинација против ковид-19. Илустрација.

Портпаролката за проширување во ЕК, Ана Писонеро потврди дека се обезбедени дополнителни средства за земјите од Западен Балкан за набавка на вакцини. Според неа, се работи на координација на донацијата на вакцини, што ќе бидат испорачани на земјите од Западен Балкан, пред да пристигнат првите испораки од механизмот Ковакс.

„Не можеме да ги потврдиме точните бројки, работиме на обезбедување на фодовите заедно со земјите-членки, кои би помогнале вакцините да бидат распределени на време и за партнерите од Западен Балкан. Точните бројки ќе ги објавиме кога ќе биде донесена одлука за тоа“, истакна Писонеро.

ЕУ претходно соопшти дека ќе обезбеди околу две милијарди вакцини, што е повеќе од доволно за граѓаните на Унијата, а вишокот дека ќе биде поделен на земјите од Западен Балкан и ширум светот.