ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров

Никола Димитров

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелацијата за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, поради, како што наведуваат, две причини: „Односот на Димитров кон Собранието, односно неговото одбивање да присуствува на седница на Комисијата за надворешна политика во врска со македонско-бугарските односи, како и неговото манипулирање со јавноста дека се решени споровите со сите соседи и дека во текот на 2020 година ќе се одржи првата меѓувладина конференција со Европската унија“.

Од опозицијата велат дека со интерпелацијата ги користат демократските механизми за професионална и политичка одговорност на Димитров и на овој начин, сметаат, дека ќе спречат понатамошни штетни одлуки.

Од владејачкиот СДСМ, на ова возвратија дека интерпелацијата ќе биде нов пораз за ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски. Социјалдемократите оценуваат дека ова е „само продолжение на деструктивноста и очајот на опозициската партија“.

Димитров е прв од Владата и првпат како вицепремиер ќе се соочи со интерпелација од опозицијата. Овој состав на Владата пред неколку дена даде отчет по подов првите 100 дена од мандатот.