Заев: Бараме решение на проблемот за кој „не знеме што е проблемот“

Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска во Пустец, каде донираше дидактички средства и книги за тамошните ученици, на новинарско прашање околу односите со Бугарија, како што пренесува Топ чанел, изјавил дека се работи на отстранување на проблемот за кој „не знеме што е проблемот“.

„Ние не се откажуваме од нашиот македонски идентитет и Бугарија нема причина да покренува други претензии. Ние сме пријателски земји и треба да се помагаме, за да одиме напред и целот Балкан да оди напред“, рекол Заев.

Според Топ чанел, неотпочнувањето на преговорите со Европската унија (ЕУ), тој го оценил како разочарување од ЕУ, бидејќи, како што рекол и Албанија и Северна Македонија ги заслужиле преговорите.

Заев соопшти дека за училштето во Пустец се обезбедени 30.000 евра од донации за уредување и изградба на спортски терени во училштето, од кои дел се дониране денеска, а дел ќе бидат донирани во февруари.