Руски авиони постојано го користеле воздушниот простор на Бугарија, членка на НАТО, за да и доставуваат воена опрема на Србија, покажува заедничката истрага на бугарскиот и балканскиот сервис на РСЕ. Во најновиот познат случај, авион АН-124 кој летал од Русија кон Србија помина низ бугарскиот воздушен простор на 3 март, што се совпадна со испорака на делови за рускиот систем за воздушна одбрана „Панцир-Ц1“. Тоа беше четвртата испорака на руска воена опрема до балканската земја преку бугарскиот воздушен простор во изминатите неколку години. Бугарското Министерство за надворешни работи не потврди дека добило барање за транспорт на руската воена опрема низ неговиот воздушен простор, велејќи за РСЕ дека нема основа за одбивање на „летовите кои доставуваат трговски материјали меѓу суверените држави“.
Кротење на српските „русофили“ или уште еден маневар на Вучиќ?
Министерството дополнително наведува „дека не се воведени никакви ограничувачки мерки на Србија во врска со производите поврзани со одбраната од ОН, ЕУ и ОБСЕ“. Романија, друга членка на НАТО, во јули 2019 година одби да дозволи транзит на руска воена опрема кон Србија, повикувајќи се на анексијата на Кремљ на украинскиот полуостров Крим. Романија. Активностите на Бугарија укажуваат дека таа е „прилично пријателска кон Русија и нејзините намери“, изјави за РСЕ Тодор Тагарев, воен експерт и поранешен привремен министер за одбрана во 2013 година.
Руското министерство за одбрана отвори своја канцеларија во Белград
„Од политичка гледна точка, бугарската влада се чини дека не е загрижена од фактот дека Русија помага да се изградат сериозни можности, вклучително и разузнавачки, на една земја западно од нашите граници“, рече тој. Во последните две години, Србија доби испораки од Русија на противвоздушниот ракетен систем Панцер-Ц1, тенкови Т-72 и оклопни теренски возила БРДМ-2. Дел од опремата Москва му ја донираше на Белград.