ЕУ стартува со вакцинирање против ковид-19 на 27 декември

ЕУ може да даде конечно одобрување за вакцината на 23 декември 2020.

Земјите членки на Европската унија ќе започнат вакцинирање против ковид-19 за 10 дена, бидејќи Европа се обидува да ги достигне Британија и Соединетите држави по она што некои го критикуваа како бавен процес на одобрување на вакцините од страна на ЕУ. Датумот на започнување на 27 декември - потврден од шефицата на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, Австрија, Германија и Италија - ќе биде скоро три недели откако беше спроведена првата целосно тестирана вакцинација против ковид-19 во Англија.

Дали Западен Балкан ќе „извиси“ во 2021 за имунизација на население во трката со богатите земји

Холанѓаните презедоа поинаков приод и решија да почекаат до 8 јануари за да ја започнат својата програма за вакцинирање, наведувајќи ја потребата за доверба во процесот. Германија и другите членки на ЕУ чекаа Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја одобри вакцината изработена од американската компанија за лекови „Фајзер“ и нејзиниот партнер „БиоНТех“. ЕМА се очекува да објави соопштение на 21 декември. Висок официјален претставник на ЕУ во средата рече дека блокот може да даде конечно одобрување за вакцината на 23 декември. Фон дер Лајен го потврди планираниот распоред за почеток на вакцинирањето за 450 милиони граѓани на ЕУ.