Русија нема да може да го користи своето име, знаме и химна во следните две години, на претстојните Олимписки игри во Токио и Пекинг, но и на Светското првенство во Катар, пресуди Судот за спортска арбитража. Судот во Лозана со тоа ја преполови четиригодишната суспензија изречена од Светската антидопинг агенција минатата година, откако оцени дека Руската антидопинг агенција не ги почитува нејзините правила. Потоа беше наведено дека оваа агенција манипулирала со лабораториските податоци што им ги предала на истражителите минатиот јануари.
Маратонско обраќање на Путин -Русија подобро се справи со ковид од повеќето земји
Русија исто така нема да може да организира големи меѓународни натпревари во следните две години. На руските спортисти и тимови сепак ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на Олимписките игри следната година во Токио, Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година и Светските првенства, вклучувајќи ги и шампионатите во фудбал Катар 2022 година, под услов да не се вклучени во допинг. Една од победите на Русија е дека „Русија“ ќе може да се запише на дресовите на спортистите, под услов „неутрален спортист“ или „неутрален тим“ да бидат напишани во иста големина.