Министрите за надворешни работи на Чешка и Словачка во заедничко соопштение објавија дека не даваат согласност за закучоците на Советот на Европа во нацрт-текстот за проширување, посочувајќи дека се „длабоко разочарани“ бидејќи не се одобрени рамките за преговори за Северна Македонија и за Албанија.
Во соопштението се вели дека заклучоците на Советот за процесот на проширување, стабилизација и асоцијација треба да пренесат единствена порака на Европската унија за политиката на проширување од една страна, како за и напредокот, недостатоците на земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки од друга страна.
Тие велат дека со оглед на клучната улога на овој документ, но и откако вниметелно го разгледале, не можеле да дадат согласност за нацртот за одобрување презентиран денеска, се вели во соопштението.
„Текстот, како што стои, содржеше елементи, вклучително и поимот за фалсификување на историјата, што според нас ќе биде многу штетно за процесот на проширување и потенцијално на патот може да донесе дополнителни компликации“, се вели соопштението.
„Ние нема да дозволиме Унијата да биде судија на нашата споделена историја, како се идентификуваме себеси или јазикот што го користиме“, пишуваa во соопштението.
Тие исто така наведуваат дека конечното усвојување на текстот требаше да се случи во Советот за општи работи.
„Главната цел останува е и останува да се усвои рамката за преговори што е можно поскоро и по понатамошна анализа веруваме дека сегашниот текст може да го комплицира неговото усвојување по патот.
Земјите изразуваат длабоко разочарување бидејќи не се одобрени рамките за преговори за Северна Македонија и за Албанија.
Во соопштението се вели дека Чешка и Словачка ги ценат напорите на германското претседателство за постигнување на напредок во агендата за проширување и дека земјите секогаш биле упорни во поддршката на политиката на проширување во изминатите 16 години.