Пендаровски - Новите технологии да се искористат за климатска акција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Пандемијата е множност за преструктуирање на економиите, индустриите и технологиите според принципите на одржлив развој, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски на регионална онлајн презентација на Извештајот за човеков развој на УНДП.

Тој додаде дека фокусот треба да биде ставен на иновативни еколошки пристапи, одржливи развојни стратегии, а новите технологии да се користат за „климатска акција.“

„Како земја кандидат за членство во Европската унија, ние целосно го поддржуваме и подготвени сме да го дадеме нашиот удел кон трансформација на Европа во првиот континент со декарбонизирани економии до 2050 година“, рече Пендаровски.

Македонија во ноември оваа година ја потпишаа Декларацијата за зелена агенда за Западен Балкан, со која се обврзаа да спроведат исти мерки за борба против загадувањето и климатската криза како земјите членки на Европската унија.

Декларацијата се заснова на пет столбови: клима, енергија и мобилност; циркуларна економија; деполуција, одржливо земјоделство и производство на храна и последниот столб е заштита на биодиверзитетот.

Дел граѓнски организација за заштита на животната средина оценија дека дека Зелената агенда „изгледа добро на хартија“, но според нив постои „комплетно отсуство на реални механизми“ за нејзино спроведување, како што наведоа од Е.Д.Е.Н. и од „Охрид SOS.“

Пендаровски посочи дека како претседател ќе ги поддржи плановите на Владата да поднесе ревидирани и поамбициозни национални придонеси кон климатските промени.