Унгарија го прекршила законот за азил со притворање мигранти

Унгарски војници патролираат по граничната ограда инсталирана за да спречат мигранти да влезат во земјата.

Највисокиот суд на Европската унија денеска пресуди дека Унгарија го прекршила законот спречувајќи мигранти да бараат азил, а многумина од нив биле однесени во транзитни кампови.

Европската комисија – извршното тело на блокот составен од 27 земји членки, започна правна постапка против законот за азил издаден во 2015 година, од страна на десничарската влада на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во врвот на мигрантската криза во која над еден милион луѓе влегоа во Европа.

Додека десетици илјади мигранти минуваа низ Балканот, антимигрантската влада на Орбан подигна жичани огради за да спечи нивно влегување и ја прошири употребата на законски исклучоци за „кризната ситуација предизвикана од масовната миграција“ за поставување на две транзитни зони каде што се наоѓаа бегалците.

Европскиот суд на правдата (ЕСП) во голема мера пресуди во корист на Европската комисија, утврдувајќи дека унгарските власти не ги почитувале процедурите и бараните гаранции.

„Унгарија не ги исполни своите обврски согласно законот на ЕУ во областа на процедурите за доделување на меѓународна заштита“, наведува ЕСП.

Судот утврди дека Унгарија не им дозволила на барателите на азил да го нашуштат притворот додека биле разгледувани нивните случаи и не понудила посебна заштита на децата или ранливите категории.