Рускиот претседател Владимир Путин го отфрли новиот истражувачки извештај кој укажува на вмешаност на Федералната служба за безбедност на Русија во труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. Путин, без да посочи докази, тврди дека рускиот опозициски лидер работи за разузнавачките служби на САД.
Рускиот претседател, исто така без да обезбеди докази, рече дека заедничкиот извештај за Навални, предводен од дигиталната мрежа на истражувачи, истражители и новинари „ Bellingcat“ не е истрага, туку перење на американски разузнавачки материјал. Извештајот излезе оваа недела.
Путин за време на неговата годишна прес-конференција рече дека обвинувањата дека руската Федерлана служба стои зад труењето на Навални со нервен агенс од советско време, произведен од Русија, познат како Новичок - се дело на неодредени медиуми. Тој вели дека отсекогаш имало такви сензационализирани приказни за Русија во западните медиуми.
„Ако целта беше тој да биде отруен, тој ќе беше отруен“, рече Путин.
Руските власти спроведоа строги закони во последниве години за да ги идентификуваат и јавно да ги понижат наводните „странски агенти“, а го обесхрабруваат и ангажманот меѓу руски и странски субјекти кои тие ги сметаат за закана.
Навални беше итно пренесен во Германија во кома во август, откако се разболе додека со авион патуваше од Субир. Тестовите потоа покажале дека тој е труен со токсинот Новичок.