Годишната прес-конференција на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на неговата годишна прес-конференција на крајот на годината во Москва, Русија на 19 декември 2019 година.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи својата годишна прес-конференција. Поради епидемиолошката состојба, прес-конференцијата овој пат ќе се одржи преку видео пренос, на која претседателот ќе се приклучи од неговата резиденција во Ново-Огариово. Членовите на националните федерални и странски медиуми ќе бидат поканети во истата конференциска сала на Светскиот трговски центар како и претходните години.

Путин работел тајно од идентична канцеларија во Сочи


Новинарите од регионалните медиуми ќе учествуваат на прес-конференцијата од нивните федерални области. Специјални платформи за видео врски ќе бидат поставени во секоја област. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави дека повеќекратните обраќања на Путин во последните месеци во основа претставуваат „директна линија“ и оти планираната маратонска емисија на која Путин одговара на прашања на би била „претерана“.