Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за мораторум на градби во Општина Центар. Во соопштението од Општина Центар се наведува дека „им станува јасно како ќе се одвива дискусијата на уставните судии“. Иницијативата за оценување на уставноста ја поднеле двајца граѓани на Охрид. Доколку се укине мораториумот тогаш нема повеќе да важи забраната за градење и инвеститорите ќе може да бараат дозвола за градба.
Во соопштението на Општина Центар понатаму се додава дека со постапката за оценување на уставноста Уставниот суд се става во надредена позиција врз општината и со тоа, ги ускратува сите можности Општина Центар да реагира во измена на деталните урбанистички планови.
Доколку со оваа одлука биде укината, одлуката за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови, ќе стапат на сила старите планови, за кои што граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во Општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови, стои во соопштението.
Општината во 2017 прогласи мораториум на дел од деталните урбанистички планови, за да може да се средат старите планови и да бидат во согласност со новиот Генерален урбанистички план на Градот. Уставниот суд во 2019 го укина мораториумот, но Општината повторно воведе забрана за градби.