На 30 години казна затвор е осуден главниот обвинет за убиствата во 2015 во канцелариите на сатиричниот весник Шарли Ебдо и во еврејскиот супермаркет, одлучи францускиот суд. Осудениот Али Риза Полат има двојно и турско и француско државјанство. Според Судот тој играл централна улога во подготвувањето на нападите и денеска е осуден за соучество во терористички злосторства. На денешното судење сите 14 осомничени лица на кои им се судеше, беа прогласени за виновни по различни обвиненија. Единаесет обвинети се појавија во судот за да ја чујат пресудата, додека на тројца им се судеше во отсуство.
Парискиот суд исто така и одреди затворска казна од 30 години во отсуство на Хајат Бумеддиен, која му била партнерка на еден од напаѓачите. По убиствата избегала во Сирија и се верува дека сè уште е жива. Доживотен затвор доби еден друг осомничен, Мохамед Белхоусин, кому му се судеше во отсуство. За него се смета дека е мртов во Сирија.
Другите добија пониски казни.
За време на нападот врз канцелариите на Шарли Ебдо беа убиени шеснаесет лица, откако магазинот објави карикатури на пророкот Мухамед, што ги налути муслиманите ширум светот.
Сите тројца напаѓачи беа убиени од полицијата во престрелки. Еден полицаец исто така беше застрелан.