Независната угостителска комора заедно со повеќе здруженија на угостители бара итна средба со премиерот на која ќе се разговара за новата мерка со која се ограничува работното време на кафеаните и рестораните како и за потребата од посебен сет мерки за финансиска помош за овој сектор.Во соопштението од коромората е наведено дека новите вчерашни рестриктивни мерки не се популарни не заради самите нив туку заради неодговорноста на Владата веднаш со усвојување и донесување на истите, не дискутира и усвои начини на обештетување на угостителите или соодветна финансиска подршка и помош за надомест на штетите што ќе настанат како резултат од нивната примена.
Тие бараат во замена мерки за финансиска поддршка затоа што како што велат парцијалните и селективни рестриктивни мерки некоординирани со соодветна финансиска поддршка, ги водат угостителите и бизнисите од пропратните индустрии во целосен колапс.
„ Ова барање до Претседателот на Владата за покана во рок од 48 часа за јавна отворена за медиумите работна средба со цел да ги разјасниме одговорностите, обврските и да ги дефинираме насоките за егзистенција и опстанок на угостителската индустрија со воведувањето на селективните рестриктивни мерки“ се вели во соопштението.