Пратенции го продолжија рокот за посебниот статус на Источна Украина

Украина, Крим

Украинските пратеници денеска го одобрија предлог законот за продолжување на посебниот статус на локалното самоуправување во областите на Источна Украина до 31 декември 2021 година. Овој закон беше одобрен во Собранието од 304 пратеници, додека против гласаа пратениците на политичките партии „Глас“ и „Татковина“.

Собранието прв пат го усвои овој закон во 2014 година, три години откако Русија поттикна бунт во источните региони Доњецк и Луганск, каде што беа убиени над 13 илјади луѓе за време на конфликтот. Неколку недели пред бунтот, Русија нелегално го анектираше украинскиот полуостров Крим, каде што испрати војска и организираше референдум кој повеќе од 100 земји во светот го оценија како нелегитимен.

Оттогаш законот беше три пати прилонгиран и требаше важноста да му истече на 31 декември годинава.