Унгарските пратеници забранија посвојување на деца од истополови бракови


Унгарскиот паралмент денеска усвои закон со кој се забранува посвојувања деца на истополови парови, како дел од пакетот нови мерки кои што од активистите за човекови права и заштита на правата на ЛГБТ заедницата се опишани како „хомофобични и трансфобични“. Одлуката во Собранието каде што двотретинско мнозинство има партијата на премиерот Виктор Орбан, е изгласана со 134 гласа „за “ и 45 гласа „против“.


Според новиот закон само брачните парови може да посвојат деца, додека луѓето кои не се во брак ќе мора д добијат посебно одобрување за посвојување од министерот за семејни работи. Унгарија не дозволува хомосексуални бракови, но ги признава граѓанските регистрирани заедници.


Во новиот закон пратениците вклучија десетина нови правила меѓу кои и нова дефиниција со која семеството се толкува како брак на еден маж и една жена, со што се исклучуваат други алтернативни толкувања на семејството.
Активистите и невладините орагнизации во Унгарија жестоко го критикуваат последниот потег со новиот закон, посочувајќи го како „дискриминаторски, хомофобичен и трансфобичен“ и како последен напд врз ЛГБТ заедницата од страна на унгарските власти.