Опозицијата ги критикува новите мерки на Владата за спречување на ширење на коронавирусот. За ВМРО-ДПМНЕ овие мерки – немерки, како што ги нарекува, и цела зграда за хирургија во кампусот „Мајка Тереза“, ќе ја претворат во ковид центар. Оттаму велат дека е грешка потегот со кој како што велат се претвори целокупното здравство во ковид- здравство лечејќи само една дијагноза.
„Требаше да згрижат останатите пациенти, останатите заболувања, и останатите дијагнози. Наместо мерки за бенефит за граѓаните, денеска се носат задоцнети мерки кои нема да сменат ништо. Заболените од ковид плаќаат само 4 илјади денари за да обезбедат антикоагулатна терапија, која не може да се набави ни приватно. За овие пациенти се потребни субвенции“ изјави на прес конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека наместо три до четири карантин викенди за да се стави епидемијата под контрола денеска повторно се прелагаат мерки – немерки кои тешко дека ќе дадат видливи резултати.
ВМРО-ДПМНЕ бара промена на протоколите од примарно до терцијално ниво, потоа мапирање на целокупниот медицински персонал, и одговорнот од премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Денеска Владата донесе одлука со која ги прифати предлог мерките на Комисијата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 18 часот, забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, како и забрана за групирање во станови за претстојните празници, а хотелите да ги затворат своите ресторани во 21 часот.