УНИЦЕФ: Наставниците да бидат меѓу приоритетните во вакцинирањето против ковид-19

Ученици

Ученици

Наставниците да бидат меѓу приоритетните во вакцинирањето против ковид-19, препорачува УНИЦЕФ. Според нив пандемијата на Ковид-19 му нанесе огромна штета на детското образование во целиот свет. Вакцинацијата на наставниците е критичен чекор за полесно да се врати во колосек. На овој начин наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, а училиштата ќе останат отворени, вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.

„Во најлошите денови, на крајот на април во 2020 година со затворањето на сите училишта се наруши процесот на учење на безмалку 90 насто од учениците на светско ниво. Иако таа бројка оттогаш има опаднато, се уште без никаква поткрепа се верува дека со затворање на училиштата може да се забави ширењето на болеста, и покрај се поголемиот број докази дека училиштата не се главниот причинител за пренос во заедницата. Како последица на тоа, како што бројот на случаи драстично се зголемува во многу земји во светот, во заедниците повторно се затвораат училиштата. Од 1 декември, училиштата се затворени за речиси секој петти ученик на глобално ниво – или за 320 милиони деца“, вели Фор, чија изјава ја пренесува канцеларјата на оваа организација во Скопје.


УНИЦЕФ смета дека наставниците треба да се приоритет за вакцината за Ковид -19, откако ќе се вакцинираат здравствените работници што се во првите борбени редови и популациите што се во висок ризик.

На овој начин наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, и на крајот на краиштата училиштата ќе останат отворени, додава таа.