Заев: Ќе се вакцинирам против Ковид-19 за да дадам личен пример

Зоран Заев

Ќе се вакцинирам со вакцините кои ќе ги набави државата преку Ковакс системот за да дадам личен пример во напорите за сузбивање на ковид 19, изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничка прес конференција со Министерот за здравство Венко Филипче, на која соопштија дека владата ги прифатила препораките на Комисијата за заразни болести за нови рестриктивни мерки за време на новогодишните и божиќните празници.

„Нашата држава го следи секој чекор на развој од сите клинички испитувања за вакцините. Верувам во нејзината безбедност и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето. Ѓраѓаните треба да бидат спокојни бидејќи државата нема да штеди за оваа намена, ние веќе го уплативме авансот за набавка на 833 илјади вакцини“, изјави Заев.

Тој и Филипче денеска соопштија дека се прифатени новите анти-ковид мерки - „Празнувај одговорно“ - препорачани од Комисијата за заразни болести, и кои ќе важат од 18 декември до 20 јануари.