Владата и компаниите се договориле за откупот на тутунот

Илустрација

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа имаа средба со претставниците на овластените компании за откуп на тутунот на којa е постигната заедничка согласност за поголема флексибилност при откупот на годинешната реколта кој, согласно законот, започнува денеска со отворање на сите откупни места во државата, соопшти денеска владината прес-служба.

На состанокот било договорено дека компаниите откупувачи ќе покажат конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток.

„Беше истакнато дека откупувачите се согласија да ги прифатат понудените количини од производителите кои пак ќе бидат обврзани да нудат подеднакви количини од сите категории за да постигне повисока просечна цена и да не се чуваат залихи од поквалитетниот тутун“ соопшти владината прес-служба.