Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итно од Управата за јавни приходи (УЈП) блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците да го надминат тешкиот период за нив и нивните семејства.
„Иако со поддршката за исплата на плати, која на барање на ССМ продолжи да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември и со која директно се зачуваваат работните места, со што до сега на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени, повторно 179 несовесни работодавачи, на 338 работници не исплатиле плата за месец октомври, а за тоа добиле средства како финансиска поддршка за исплата на платите“, велат од ССМ.
Барањето на ССМ, финансиската поддршка да се исплати директно на сметките на работниците, додаваат, било одбиено со образложение дека системот на УЈП не можел да го спроведе тоа.