Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Џо Бајден за победата во Изборниот колеџ, со кој формално беше избран за нов претседател на САД. „Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас“, напиша Путин во пораката до Бајден, соопшти Кремљ. Путин му посака успех на Бајден и изрази уверување дека Русија и САД можат, и покрај несогласувањата, да решат многу проблеми и предизвици во светот, се вели во соопштението.
Изборниот колеџ ја потврди победата на Бајден
Електорите на Изборниот колеџ во САД и официјално го избраа Бајден за претседател. Претседателот Доналд Трамп продолжува неосновано да тврди дека тој е победник на изборите.