Изборниот колеџ ја потврди победата на Бајден

Џо Бајден

Изборниот колеџ на САД формално ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори. Бајден го расчисти прагот од 270 гласачи, откако 55-те избирачи на Калифорнија го дадоа својот глас за демократот. Џо Бајден веднаш потоа во обраќањето до нацијата ги повика Американците да го „свртат листот“ на времето на Трамп. Бајден истакна дека неговата разлика во Изборниот колеџ е поубедлива од победата на Трамп во 2016 година.

„Тајм“ заеднички ги избра Бајден и Харис за „Личност на годината“

Тој исто така жестоко ги критикуваше Трамп и неговите сојузници дека и пркосат на „волјата на народот“ со неприфаќање на резултатите. Гласањето на Изборниот колеџ е процедурален чекор кој малку се забележува, но годинава му се посвети поголемо внимание затоа што Трамп одбива да го признае својот пораз. Трамп изгуби повеќе од 40 судски случаи кои ги оспоруваат изборните резултати. Тој исто така загуби двапати во Врховниот суд.