Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски не планира да свика лидерска средба, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.
„И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите“, истакнуваат од Кабинетот на Пендаровски.
Премиерот и претсетадел на СДСМ Зоран Заев денеска најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне“ тој.
Мицкоски нема да присуствува на лидерска организирана од Пендаровски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, најави дека неговата партија нема да учествува ако лидерската ја организира Пендаровски. И Заев и Мицковски се согласни дека на лидерската средба треба да се разговара за корона кризата, евроинтеграциите и други прашања од интерес на граѓаните.