Мицкоски нема да присуствува на лидерска организирана од Пендаровски

Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека нема да присуствува на евентуална лидерска средба организирана од страна на претседателот Пендаровски. Според него, партиските лидери треба да разговараат за важните политички прашања.

„Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој којшто треба да ја свика таа лидерска средба, ние неколку пати до сега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговараат на таа лидерска средба, стојам на располагање“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Заев: Ако Пендаровски не свика лидерска, ќе организирам јас

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека доколку седнат политичките партии и дојдена е иницијатива од страна на Владата, ќе ја прифати и ќе учествува на неа.

Претходно премиерот Зоран Заев, на денешниот отчет за 100 дена Влада, во одговор на новинарско прашање рече дека до крајот на годинава планира да организира лидерска средба, иако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски побарал таква средба да организира претседателот на државата, Стево Пендаровски.