Околу 35 проценти е стапката на невработеност кај младите во Западен Балкан, а времето за чекање по завршеното образование, во просек изнесува две години соопшти денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу.
„Околу 71 процент од нив би размислиле да го напуштат регионот и да работат во странство“, изјави Брегу.
На денешната онлајн работилница на кои учествуваа претставници на носители на политики од шест земји од Западен Балкан, како и претставници на млади и на ЕК, Брегу рече дека важно е наместо создавање на политики за млади, да се работи на нивно активно вклучување во дијалогот со носителите на политики.
Младите не ја напуштаат Македонија само од економски причини
Работилницата ќе трае два дена, а посветена е на политиките на вработување во земјите од Западен Балкан. Клучно е што за овие политики разговараат претставници на младите од шесте земји со носителите на политики. Проектот го спроведува РСС со помош на Европската комисија.