Премиерот Зоран Заев, на денешниот отчет за 100 дена Влада, во одговор на новинарско прашање рече дека до крајот на годинава планира да организира лидерска средба, иако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски побарал таква средба да организира претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„До крајот на годината планирам да свикам лидерска средба, секако доколку претходно претседателот на државата тоа не го направи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, го повика претседателот на државата да свика лидерска средба. Не сум во тек што се случува, но доколку не се свика таква лидерска срадба јас би ко контактирал претседателот на државата за една таква намера, доколку не, јас до крајот на годината планирам да свикам една лидерска средба и заради евроинтеграциите и заради справување со ковид кризата“, рече Заев.
Опозицијата неколку недели на назад бара лидерска среба за клучните прашања во државата, особено за состојбата со пандемијата и за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија пред и по ветото за преговарачката рамка со Европската унија.