Дистрибуцијата на вакцини за коронавирус започнува денеска во Соединетите Американски Држави. Американската администрација за храна и лекови дозволи итна употреба на вакцината развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“, што, како што се проценува, ќе го означи почетокот на крајот на епидемијата во која починаа скоро 300.000 Американци. Првите вакцини, чија количина ќе биде ограничена, ќе им бидат дадени на здравствените работници и жителите на домовите за стари лица во наредните денови.
Историски момент: Британија прва во светот ја одобри вакцината на „БиоНТек“ и „Фајзер“
Со оглед на тоа што, и покрај предупредувањата, се очекуваат повеќе патувања и собирања за време на Божиќните и Новогодишните празници, се верува дека вакцината ќе помогне да се сведат на минимум последиците од ширењето на инфекцијата. Вакцината се чува на температура од минус 94 степени. Тоа ќе биде најголемата вакцинација во американската историја, а ќе има глобални последици бидејќи САД се модел за многу други земји кои се соочуваат со истите одлуки.