Бугарија инсистира Северна Македонија да го спроведе потпишаниот Договор за соработка, добрососедство и пријателство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Во изминатиов период е зголемен бројот на изјави на официјални претставници од двете земји, откако Бугарија го блокираше започнувањето на преговорите на земјава со ЕУ.
Каракачанов вели дека Бугарија е држава која секогаш ѝ помагала на Македонија.
„Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри“, вели Каракачанов.
Тој додаде дека е важно „да прекинеме со поттикнувањето на говорот на омраза.
Инаку, блокадата од Бугарија е втора откако земјата го промени името во Република Северна Македонија, откако лани во октомври беше првата блокада на европскиот пат, кога датумот за преговори не беше даден поради Франција која бараше реформи на пристапниот процес.
Македонскиот ремиер Зоран Заев на 10 декември изјави дека Владата останува фокусирана на пронаоѓање на решение со Бугарија по блокадата од страна на Софија на преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.