Илјадници опозициски активсти на протести во Пакистан

Протести во Пакистан.

Илјадници опозициски активисти се собраа во вториот по големина град во Пакистан, со кампања за соборување на премиерот Имран Кан и за одржување на нови избори.

Протестите на 13 декември во градот Лахор беа шести во низата акции на опозицијата со цел да извршат притисок врз Кан и неговата партија Техрик-е-Инсаф.

Пакистанското демократско движење составено од девет партии ја обвини моќната војска на земјата дека ги лажирала изборите во јули 2018 година во корист на Техрик-е-Инсаф.

Федералната полиција нареди строги безбедносни мерки во и околу Лахор пред почетокот на протестот, со полициски контингенти кои го обезбедуваа местото и ги претресуваа луѓето при нивното пристигнување.

Владата исто така предупреди да не се кршат мерките против коронавирусот, иако малку луѓе беа видени дека ги почитуваат мерките како носење маска и социјална дистанца.

Опозициските лидери се надеваат дека на собирот ќе се обрати и поранешниот трикратен премиер Наваз Шариф.

Шариф претходно ја обвини пакистанската армија и разузнавачките служби на Пакистан за местење на изборите во 2018 година и за заговор со судството за да го принудат да се симне од власт.

Тој беше принуден да се повлече од пемиерската функција откако беше прогласен за виновен во спорната судска одлука во 2017 година. Тој живееше во егзил во Лондон.

Кан ги обвини опозициските лидери за кражба политички средства и незаконски трансфери на пари на странски сметки.