Во Штип денеска беа отворени гласачките места за изборите за градоначалник на општината, откако во изминатите два дена гласаа болните од ковид, лицата во изолација, болните и немоќни лица и осудениците.
Изборите во Пласница и Штип се одржуваат предвремено, бидејќи претходниот штипски градоначалник стана министер, а градоначалникот на Пласница пратеник.
До 9 часот гласале 1.227 гласачи, односно 2,94 отсто, додека на изборите во Пласница 365 гласачи или 7,37 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Засега гласањето се одвива без проблеми, како што соопшти претседателката на штипската Општинска изборна комисија Сенка Андреева.
Таа изјави дека избирачките места пред да се отворат биле дезинфицирани и дека граѓаните можат да гласаат на своите избирачки места.
Вкупниот број на гласачи е 41.777, а за изборите да бидат успешни треба да гласаат една третина од вкупниот број избирачи.
Гласањето започна во 7 часот наутро и ќе трае до 19 часот, се вели во соопштеноето на ДИК.