Изборите за градоначалник во Штип започнаа денеска, со гласање на болните и немоќни лица, осудените и лицата од геријатриските домови кои се жители на општината.
Изборите во Штип и Пласница се одржуваат предвремено бидејќи претхониот градоначалник стана министер, а градоначалниот на Пласница пратеник.
Во трката за нов градоначалник на Штип ќе учествуваат пет кандидати.
Вчера правото на глас го искористија 12 лица кои се болни од Ковид-19 и лица кои се во самоизолација, со помош на медицински лица ангажирани од Општинскат изборна комисија.
Денеска избирачките одбори ќе посетат 66 болни и немоќни лица во нивните домови, според претседателката на општинската изборна комисија Сенка Андреева.
Таа додаде дека правото на глас можат да го искористат 67 осуденици кои се жители на Штип и две лица од геријатриските домови.
Главното гласање ќе се одржи утре на 13 декември со отворање на 77 избирачки места. Вкупниот број на гласачи е 41.777, а за изборите да бидат успешни треба да гласаат една третина од вкупниот број избирачи.