Избраниот претседател на САД Џо Бајден и избраната потпретседателка Камала Харис заеднички се прогласени за „Личност на годината“ на магазинот „Тајм“ за 2020 година за нивната изборна победа над Доналд Трамп. „За промена на американската приказна, за покажување дека силите на емпатијата се поголеми од бесот на поделбата, за споделување на визијата за заздравување во тажниот свет“, пишува „Тајм“, објаснувајќи го својот избор.
Бајден: САД се подготвени да го водат светот, а не да се повлечат од него
Демократскиот пар беше избран пред тројца други финалисти: здравствени работници и Ентони Фаучи, Движењето за расна правда и претседателот Доналд Трамп. Насловната страница на магазинот „Тајм“ е со портрети на Бајден, 78, и Харис, 56, со поднаслов „Промена на приказната за Америка“. Бајден го победи Трамп со 306 електорски гласа „за“ наспроти 232 на Трамп.