Во Романија мандат за состав на влада добија десничарските реформисти

Флорин Циту

По парламентарните избори во Романија, претседателот Клаус Јоханис ги покани политичките партии на консултации за формирање нова влада на 14 декември. Претседателската канцеларија го објави соопштението еден ден откако реформистичката десноцентристичка Национална либерална партија (ПНЛ) го предложи министерот за финансии Флорин Циту за следен премиер.
Левичарските опозициски социјалдемократи (ПСД) се појавија како најсилна партија на општите избори на 6 декември, но не успеаа да обезбедат доволно гласови за мнозинство во парламентот.

Романскиот премиер Орбан поднесе оставка

Со оглед на тоа што на ПСД нема сојузници во новиот парламент и Јоханис - поранешен лидер на ПНЛ - вети дека ќе ја задржи партијата „надвор од процесот на политичко донесување одлуки“, а сега десноцентристичкиот сојуз е во пол позиција да формира коалициска влада. Трите сојузи контролираат околу 53 проценти од пратеничките места. Циту кој се школувал во САД треба да состави кабинет во рок од 10 дена по неговото номинирање, а потоа ќе мора да добие доверба во парламентот. Лидерот на ПНЛ, Лудовик Орбан поднесе оставка на функцијата премиер на 7 декември, откако ја извршуваше функцијата нешто повеќе од една година.