Во Црна Гора од денеска стартуваат нови мерки за сузбивање на пандемијата на Ковид-19 - полициски час и забрана за напуштање на домот од 22 до 5 часот наутро. Исто така, забранета е работата на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти ќе бидат отворени од 7 до 18 часот.
Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) ќе работат од 7 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија со непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за чевли и облека, салони за убавина, фризерници) од 7 до 20 часот, предвидуваат новите мерки.
Задолжително е правилно носење маска и одржување физичко растојание во затворен и на отворен простор. Забранети се масовните или социјални собири, како и собири во станбени згради. Забранети се и собири во групи со повеќе од четири возрасни заедно на отворено.