Врховниот суд го отфрли барањето за поништување на победата на Бајден во Пенсилванија

Џо Бајден

Врховниот суд на САД го одби барањето на републиканците за откажување на 2,5 милиони гласачки ливчиња што пристигнаа по пошта во Пенсилванија, една од клучните сојузни држави во која победи избраниот претседател Џо Бајден. Без коментар, судот одби да го доведе во прашање процесот на официјална потврда на гласовите во Пенсилванија. Демократскиот гувернер Том Волф веќе ја потврди победата на Бајден над претседателот Доналд Трамп, а 20-те електори од оваа држава треба да се состанат на 14 декември за да ги дадат своите гласови на Бајден.

Руди Џулијани, адвокатот на Доналд Трамп заразен со коронавирусот

Во секој случај, Бајден освои 306 гласа, па дури и ако резултатите во Пенсилванија беа доведени во прашање, тој сепак ќе имаше над 270 гласови потребни за да стане претседател. Пенсилванија беше една од клучните сојузни држави за време на претседателските избори. Бајден освои 20 изборни гласови, победувајќи го Доналд Трамп, кој победи во таа сојузна држава во 2016 година. Државните службеници претходно ги потврдија изборните резултати во таа сојузна држава.