Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија. Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија Владимир Бучковски. По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во 13.30 часот во Министерството за надворешни работи.
Берлин разочаран, а за Скопје бугарското вето за ЕУ е геостратегиска грешка
Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а во четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев. Владата во минатата недела го назначен Бучковски за специјален пратеник во Бугарија.