Шестмина осомничени за случајот со украдената марихуана

Macedonian police. MOI.

Полицијата привела неколку лица и пронашла дрога во акцијата за расчистување на кривичното дело „разбојништво“ извршено меѓу 3 и 4 декември во склад на фирма во Јосифово, валандовско при што се одземени близу два тона марихуана, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обивнителство вчера и денеска работи на расчистување на случајот, а за таа цел извршени се претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајдена дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените, соопшти Ангеловски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека дел од осомничените се приведени, а имаат обезбедени докази за шест осомничени лица.