На блокадата од Бугарија на патот кон ЕУ треба да гледаме како на една пречка на патот што треба да не мобилизира, да не реорганизира за да можеме да продолжиме со начините за враќањето на довербата во процесот и надминување на оваа пречка. Нема алтернатива од европскиот пат, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека ќе продожат да работат со Бугарија за надминување на проблемот, оти, како што вели, денеска е Бугарија, а утре може да биде друга земја членка која ќе спори за друго прашање.
„Ние мора да навикнеме дека овој процес бара многу разговори, бара многу дипломатија, бара упорност и не смее да има откажување во ниту еден момент во процесот“, рече Осамни по положувањето цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Министерот вели дека со Бугарија разговараат за прашања што произлегуваат од Договорот за добрососедски односи и дека се разговара во тие рамки, не се преговара за идентитетските прашања.