Филипче - Полициски час за новогодишните празници нема да има ефект

Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полициски час за време на новогодишните празници нема да има ефект и апелираше да се почитуваат мерките. Најави дека ќе дискутираат за евентуална дополнителна рестрикција во однос на работното време на места каде што може да се собираат луѓе.

„Веќе имаме така добро димензионирани мерки, доколку се почитуваат даваат резултати и тоа впрочем се случува. Ние гледаме намалување на факторот на преносливост, на бројот на болниците во однос на тоа што беше на почетокот и првата половина на ноември“, изјави денеска Филипче во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.