Турските власти денска уапсиле 198 луѓе, меѓу кои и многу војници, под сомнение дека се блиску со проповедникот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за неуспешниот пуч во 2016, јавува Анадолија.
Апсењата се спроведени по налог од Обвинителството на Измир, во западна Турција. Обвинителството издало налог за апсење на 304 луѓе осомничени дека имале телфонски разговори со водачите на движењето на Ѓулен. Од осомничените 295 се од воената служба.
В друга операција во Анкара, исто така насочена кон приврзаниците на Ѓулен, се уапсени 21 човек, меѓу кои воени лекари.
Проповедникот Ѓулен, кој последните 20 години живее во САД, води мрежа за која Анкара смета дека се инфилтрирала во институциите во Турција за да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган. Ердоган и Ѓулен порано беа сојузници, но сега Ердоган го обвинува дека стои за обидот за пуч во 2016. Ѓулен го негира тоа. По неуспешниот обид за државен удар во Турција се уапсени десетина илјади луѓе, а повеќе од 140 илјади се отпуштени или суспендирани од своите работни места.