Еден млад руски бизнисмен добил низа предлози за купување акции во некои од најголемите компании во земјата набргу откако се ожени со жена за која се претпоставува дека е најмладата ќерка на претседателот Владимир Путин, покажува новиот истражувачки извештај. Кирил Шамалов, кој се ожени со Катерина Тихонова во февруари 2013 година, имал добиено најмалку четири зделки до април 2014 година за купување акции во руски компании во телекомуникациите, недвижностите, нафтените услуги и металната индустрија во вредност од милијарди долари, се наведува во извештајот на Проектот за известување за организиран криминал и корупција.
Роднина на Путин лидер на партија со антикорупциска цел
Шамалов имал само 30 години во времето кога се оженил со Тихонова. Путин никогаш не признал дека Тихонова е негова ќерка.