Романскиот премиер Орбан поднесе оставка

Премиерот на Романија, Лудовиќ Орбан поднесе оставка

Про-западниот премиер на Романија, Лудовиќ Орбан поднесе оставка откако неговата Национална либерална партија (ПНЛ), стана втора по ред партија на парламентарните избори одржани викендов и покрај тоа што се најде во добра позиција за да остане на власт.

Објавата на Орбан дојде откако левичарската опозиција освои подобри резултати од очекуваните на изборите.

Со околу 95 проценти од гласовите изброени денеска , опозициските социјалдемократи (ПСД), кои доминираат во романската политика од распадот на комунизмот, имаат околу 30 проценти од гласовите, додека владеачката десничарска партија ПНЛ заостанува за околу 5 проценти.

Во својата изјава во живо на телевизија, Орбан, чија влада беше под критика на ПСД за справување со пандемијата на коронавирусот, рече дека тој заминува знаејќи дека ја исполнил својата должност.

Претседателот Клаус Јоханис треба да одржи консултации со партиите што ќе добијат пристап до парламентот за назначување нов премиер.