Согласно законите за трговија и за туристичка дејност и угостителство ние ги пративме нашите предлози и анализи, направивме и споредби со државите од соседството и од Евопската Унија. Секторот туризам и угостителство секако дека треба да работи и во неделите, бидејќи сакаме да привлечеме поголем број на туристи во земјава, додека во делот на големопродажбата од секторот трговија би можеле да направиме измени, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој вели дека треба да се има предвод дека „сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи“, и најави разговори со стопанските комори на оваа тема.
Изјавата на Бектеши ја даде изјавата додека се во тек разговори за законски измени според кои неделата со закон ќе биде прогласена за неработен ден. Синдикатите бараат дневниците за работниците кои ќе мора да работат во недела да бидат зголемени за најмалку 50 проценти и вкупниот број на работни часови во месецот да не се зголеми за работниците.