Стапката на раст на Бруто домашниот производ (БДП) во третото тримесечје е -3,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 проценти.
Ова е втор квартал по ред во кој земјата бележи полоши економски резултати од истиот период во минатата година со што и официјално влегуваме во рецесија.
Според министерот за економија, Крешник бектеши, ова намалување е согласно очекувањата на Владата и според проекциите од Министерството за финансии.
„Имајќи го предвид трендот што се движи во нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движиод 4,2 до 4,5 отсто“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.