Прашањето за пристапни преговори меѓу Европската унија (ЕУ) и Северна Македонија е во ќорсокак поради бугарската блокада, потврдија изворите од Советот на ЕУ, проценувајќи дека претседателството е „крајно фрустрирано“ од ситуацијата, јави дописиничката на Радио Слободна Европа од Брисел.
„Не сме среќни што Бугарија не дозволува преговори заради билатерални историски прашања за кои сметаме дека не припаѓаат на проширувањето“, им изјави на новинарите висок дипломатски извор.
Овој дипломат потврди дека германското претседателство неуспешно направило се што може за да се постигне компромис помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој извор потенцира дека ангажманите не престанале, но дека никој повеќе „не ја гледа светлината на крајот од тунелот“, бидејќи станува збор за временски притисок.
Имено, утре, Советот за општи работи на ЕУ ќе се состане за последен пат оваа година, и беше планирано да се усвојат преговори за која рамка за Северна Македонија, како да се преговара. Бугарија го блокира овој потег, поради билатералниот спор со северна Македонија околу историјата, а Софија не прифаќа и постоење на македонски јазик.
Северна Македонија го чека отворањето на разговорите за пристапување од 2009 година. Прво беше блокирана од соседна Грција поради спорот со името. Во пролетта Европската унија едногласно го одобри отворањето на пристапните преговори со Скопје, но оваа есен Бугарија поднесе приговори и објави блокада за преговараќката рамка на ЕУ и Северна Македонија.