Малку е веројатно до утре или во следните неколку часа да има некаков нов развој на настаните во однос на сегашната состојба, особено ако се има предвид неуспехот на последниот состанок заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, изјави денеска бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Оваа негова изјава е во врска со можноста за промена на ставот на Бугарија во однос на ветото за преговарачката рамка за земјава со ЕУ во пресрет на утрешниот Советот на министри на Унијата.
Како што јави БГНЕС, според Ковачев, премиерот Зоран Заев треба да манифестира „поголема храброст и поттик“, со цел спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.