Во Владата на Црна Гора поранешниот премиер Душко Марковиќ му ја предаде должноста на новоизбраниот премиер Здравко Кривокапиќ. Марковиќ на Твитер напиша дека денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелост и одговорност на политиката на Демократската партија на социјалистите (ДПС).
„Да се надеваме дека ова влада ќе работи во интересиот на Црна Гора и сите нејзини граѓани“, напиша Марковиќ.
Новата Влада на ЦРна Гора избрана е во петокот по тридневната расправа за експозето на Кривокапиќ и членовите на неговиот кабинет. По три децении во Владата не учествува ДПС.