Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека неговиот личен адвокат Руди Џулијани бил заразен со корона вирусот. Џулијани, кој повеќе од еден месец е на турнеја низ САД за да ги оспори претседателските избори, состаноците не носел заштитна маска. „Руди Џулијани, убедливо најдобриот градоначалник во историјата на Њујорк и кој неуморно работи на откривање на најкорумпираните избори во историјата на САД, е позитивен во однос на кинескиот вирус“, напиша Трамп на Твитер. Џулијани (76), кој даде интервју во живо за Фокс oxуз неколку часа порано, не покажа симптоми на коронавирусот.
Трамп на митинг во Џорџија со поплаки за изборите
Адвокатот на Трамп ги посети Мичиген, Пенсилванија, Џорџија, Вашингтон и други места, откако демократот Џо Бајден прогласи победа на претседателските избори одржани на 3 ноември. Американското судство досега отфрли многу поплаки од правниот тим на Трамп за наводни изборни нерегуларности. Самиот Трамп не носеше маска на митингот во Џорџија во саботата, прв митинг по изборите. Повеќето од учесниците на митингот исто така беа без маска. Републиканскиот милијардер беше заразен со вирусот на почетокот на октомври, како и неговата сопруга Меланија и неколку членови на неговата придружба. По тридневна хоспитализација, Трамп се врати во Белата куќа, а неколку дена подоцна интензивно ја продолжи изборната кампања.